После долого време одам на село каде што го поминав речиси целото мое детство, баба ми и дедо ми таму седаа (сакаа на село да бидат- на мирно), но откако почина дедо ми, баба ми се врати во градот и многу ретко одиме. Не бев седела така цел ден од мината година.
Eве некоја слика од тоа како го поминав денот, иако ми беше досадно на моменти бидејќи немав друштво на моја возраст или постари од мене или помали. :D Но во целост супер си поминав.
Ете дел од мене
oчите на брат ми
салатата јас што ја правев
рацете на мајка ми -приготвува салата
мора малце и ракиичка
4/22/2012
4/14/2012
Декорирање на велигденските јајца
Денес со мјајка ми ги варевме јајцата и се договоривме заедно да ги украсуваме заедно. Најдов неколку идеи на интернет и решив да ги испробам.
Според традицијата јајцата треба да бидат црвени кои ќе ја симболираат крвтта на Исус, но денеска повеќе се прават шарени. Бојадисавме неколку црвени, а останатите ги исшаравме различно. Правевме со салфетки и боја за јајца.
Но пред да започенеме додека правевме си јадев од моите омилени колачи
Мајка ми ги направи црвените и шарените со салфетка.
Тие се прават кога на салфетка се капнува од сите бои за јајца и јајцето се увиткува во салфетката. Откако ќе постои малку во салфетката се одвиткува и имате шарено јајце. :D
Eве и слики од тие јајца:
Сега ги наместив само за сликање, утре ќе ставам слики од сите кога ќе бидат убаво наместени.
Според традицијата јајцата треба да бидат црвени кои ќе ја симболираат крвтта на Исус, но денеска повеќе се прават шарени. Бојадисавме неколку црвени, а останатите ги исшаравме различно. Правевме со салфетки и боја за јајца.
Но пред да започенеме додека правевме си јадев од моите омилени колачи
Мајка ми ги направи црвените и шарените со салфетка.
Тие се прават кога на салфетка се капнува од сите бои за јајца и јајцето се увиткува во салфетката. Откако ќе постои малку во салфетката се одвиткува и имате шарено јајце. :D
Eве и слики од тие јајца:
Не се гледаат убаво па еве една од минатат година каде поубаво се гледаат.
Другите ги правев јас и си ги викам „виножито„.
Јајцето до пола го ставате во жолта боја, кога ќе се исуши се става во зелена. Па жолтат страна во портокалово и потоа во црвена, а зелната страна во сино и виолетова.
Другите ги правев со белка од јајце и салфетки.
Исеков дезени од салфетки, и со белката од јајцето ги залепив.
Баба ми купила јајца од гуска на мене и брат ми и еве како испаднаа.
Subscribe to:
Posts (Atom)