Според традицијата јајцата треба да бидат црвени кои ќе ја симболираат крвтта на Исус, но денеска повеќе се прават шарени. Бојадисавме неколку црвени, а останатите ги исшаравме различно. Правевме со салфетки и боја за јајца.
Но пред да започенеме додека правевме си јадев од моите омилени колачи
Мајка ми ги направи црвените и шарените со салфетка.
Тие се прават кога на салфетка се капнува од сите бои за јајца и јајцето се увиткува во салфетката. Откако ќе постои малку во салфетката се одвиткува и имате шарено јајце. :D
Eве и слики од тие јајца:
Не се гледаат убаво па еве една од минатат година каде поубаво се гледаат.
Другите ги правев јас и си ги викам „виножито„.
Јајцето до пола го ставате во жолта боја, кога ќе се исуши се става во зелена. Па жолтат страна во портокалово и потоа во црвена, а зелната страна во сино и виолетова.
Другите ги правев со белка од јајце и салфетки.
Исеков дезени од салфетки, и со белката од јајцето ги залепив.
Баба ми купила јајца од гуска на мене и брат ми и еве како испаднаа.
No comments:
Post a Comment